| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателски „Јас сум со глупавиот“ момент

stupid-m_3260688bШто ли му преостанува на политичар, како ли да одбие кога мало момче бара да се слика со него? За несреќа на еден јужноамерикански лидер му се случи токму тоа. Младо момче го препознава, бара да се фотографира. Претседателот прифаќа и се фотографира со него без да ја погледне неговата маичка.

stupid-1_3260689bРафаел Кореа, претседателот на Еквадор, облечен во лежерна облека, се воодушевива кога шетајќи наидува на млад поддржувач и се фотографираат прегрнати. Но тоа што го оттргнува вниманието е напишаното на маичката „Јас сум со глупавиот“ и како планирано, Кореа застанува токму во правец на стрелката нацртана под натписот.

Откако фотографијата се појавила на сатитрична фејсбук страница, се појави порака од мајката на момчето која побара фотографијата да биде тргната, бидејќи момчето немало навреда да навреди, бидејќи не ни знаело што значи  англискиот натпис.

_82184897_mashi_pic3

Поддржувачите на претседателот на социјалните медиуми брзо реагираа, објавувајќи карикатура од поранешниот американски претседател нацртан во иста ситуација, додавајќи „ ние работите ги правиме реалност“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top