| четврток, 6 декември 2018 |

„Танец“ в недела ќе одржи голем велигденски концерт во МНТ

Ансамблот за народни песни и игри „Танец“ по повод празникот Велигден ќе одржи велогденски концерт во салонот на МНТ. Концертот ќе се одржи со почеток од 20 часот, а билетите може да се купат на билетарата на МНТ по цена од 300 денари. Со секој купен билет добивате подарок цеде или дивиди од „Танец“.

Ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. „Танец“ со своите уникатни носии со кои настапува претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство. Наследство, кое како и народниот вез, е длабоко врежано во потсвеста на секој Македонец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top