| четврток, 6 декември 2018 |

Сони Петровски: Статусот на музички уметници бележи значителен пораст!

Мо­же да се за­бе­ле­жи из­вес­на не­прав­да во од­нос на пла­ти­те, осо­бе­но на про­фе­со­ри­те на ФМУ - Скоп­је, кои не са­мо што зе­ма­ат по­ма­ла пла­та во од­нос на дру­ги­те два др­жав­ни му­зич­ки фа­кул­те­та, ту­ку че­сто нив­ни­те сту­ден­ти, кои што­ту­ку дип­ло­ми­ра­ле има­ат ед­на­ква или по­ви­со­ка пла­та во опре­де­ле­ни ин­сти­ту­ции, ве­ли Пе­тров­ски

Оваа не­де­ла поч­на 38. из­да­ние на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та „Де­но­ви на ма­ке­дон­ска му­зи­ка“. Со­ју­зот на ком­по­зи­то­ри­те на Ма­ке­до­ни­ја е ор­га­ни­за­тор на ма­ни­фе­ста­ци­ја­та, па ка­же­те ни кои сè умет­ни­ци ќе на­ста­пат до 9 април би­деј­ќи се нај­а­ве­ни многуброј­ни на­ста­пи од зем­ја­ва и од странс­тво? Што мо­же да оче­ку­ва пуб­ли­ка­та на ова из­да­ние?
Петровски: На „Де­но­ви на ма­ке­дон­ска му­зи­ка“ пуб­ли­ка­та ќе мо­же да прос­ле­ди де­вет кон­цер­ти со до­маш­ни и со стран­ски ис­пол­ни­те­ли: Мла­дин­ски су­пе­рор­ке­стар, ан­самб­лот „Кон­тем­по­ра“, Ма­ке­дон­ска­та фил­хар­мо­ни­ја, Ма­ке­дон­ска­та опе­ра и ба­лет, Ка­мер­ни­от ор­ке­стар на Би­то­ла, ка­ко и го­сти од Ун­га­ри­ја, Гер­ма­ни­ја, Бел­ги­ја, Ср­би­ја, Сло­ве­ни­ја и од Ка­на­да. По­крај на­ве­де­ни­те, СОКОМ се­ко­гаш се оби­ду­ва да нај­де про­стор за најм­ла­ди­те, па во таа смис­ла тра­ди­ци­о­нал­но ќе се одр­жи кон­церт на мла­ди ком­по­зи­то­ри, но и на Ман­до­лин­ски­от ор­ке­стар „Скоп­је“. Си­те овие ан­самб­ли ќе го прет­ста­ват нај­но­во­то ма­ке­дон­ско про­фе­си­о­нал­но тво­реш­тво, со што ќе има­ме мож­ност да ги прос­ле­ди­ме раз­лич­ни­те тво­реч­ки трен­до­ви и на­со­ки.

 

На све­че­но­то отво­ра­ње во Ма­ке­дон­ски­от на­ро­ден те­а­тар ќе на­ста­пи „Мла­дин­ски­от су­пе­рор­ке­стар“. Тоа е за­ед­нич­ки­от про­ект на му­зич­ки­те учи­ли­шта од Сло­ве­ни­ја, Ср­би­ја и од Ма­ке­до­ни­ја. Ка­же­те ни за што по­кон­крет­но ста­ну­ва збор и со кои ком­по­зи­ции ќе се прет­ста­ват?
Петровски: Ста­ну­ва збор за ме­ѓу­на­ро­ден про­ект пред­во­ден од ДМБУЦ „Или­ја Ни­ко­лов­ски – Луј“ во кој се со­е­ди­не­ти ис­пол­ни­тел­ни­те ка­па­ци­те­ти на мла­дин­ци од по­ве­ќе му­зич­ки учи­ли­шта од Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја и од Сло­ве­ни­ја во „Мла­дин­ски су­пе­рор­ке­стар“. Ор­ке­ста­рот не­о­дам­на на­ста­пи во Љуб­ља­на со иста­та про­гра­ма, ко­ја пуб­ли­ка­та ќе има мож­ност да ја прос­ле­ди и во Скоп­је, а тоа се ти­пич­ни на­род­ни тан­ци од си­те три др­жа­ви.

 

kultura135-Soni-Petrovski-2

 

Ми­на­та­та го­ди­на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра за прв­пат об­ја­ви кон­курс за откуп на де­ла од об­ла­ста на кла­сич­на­та му­зи­ка, ко­га беа под­др­жа­ни вкуп­но 42 ком­по­зи­ции на 27 авто­ри. И оваа го­ди­на Ми­ни­стерс­тво­то об­ја­ви ог­лас за откуп на му­зич­ки де­ла. Сме­та­те ли де­ка на овој на­чин се сти­му­ли­ра­ат ком­по­зи­то­ри­те, ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка… Се соз­да­ва ли на овој на­чин кон­ку­рен­ци­ја (во тво­реч­ка смис­ла) ме­ѓу авто­ри­те?
Петровски: Не­сом­не­но е де­ка ре­зул­та­ти­те од кон­кур­сот на Ми­ни­стерс­тво­то за кул­ту­ра да­ва­ат иск­лу­чи­тел­ни ре­зул­та­ти. Впро­чем, са­ми­от мо­дел бе­ше соз­да­ден во со­ра­бо­тка со си­те зна­чај­ни му­зич­ки ин­сти­ту­ции во др­жа­ва­та зе­мај­ќи ги пред­вид и по­тре­би­те на авто­ри­те, но и по­тре­би­те на ин­сти­ту­ци­и­те. Го­лем дел од на­гра­де­ни­те де­ла ќе мо­жат да се прос­ле­дат ток­му во рам­ки­те на фе­сти­ва­лот, но и во те­кот на це­ла­та го­ди­на. Са­ми­от по­да­ток де­ка бро­јот на соз­да­де­ни де­ла е зго­ле­мен не­кол­ку­крат­но, го­во­ри за нив­на­та сти­му­ла­ци­ја.

 

За­ко­нот за хо­но­ра­ри пре­диз­ви­ка бра­ну­ва­ња во јав­но­ста. Во ме­ѓу­вре­ме пре­тр­пи не­кол­ку из­ме­ни. Со не­го се оп­фа­те­ни и му­зи­ча­ри­те, из­ве­ду­ва­чи­те. Сме­та­те ли де­ка тоа ќе се одра­зи на тво­реш­тво­то и на из­ве­ду­ва­ње­то во ид­ни­на?
Петровски: Не ве­ру­вам де­ка ќе вли­јае врз тво­реш­тво­то би­деј­ќи тоа е кре­а­ти­вен чин, кој не е ди­рект­но по­вр­зан со фи­нан­си­ски бе­не­фи­ти. Ка­ко ком­по­зи­тор, не мо­жам да да­дам струч­но мис­ле­ње за не­го­ви­те еко­ном­ски и со­ци­јал­ни ефе­кти во др­жа­ва­та, иа­ко е не­сом­не­но де­ка пос­лед­на­та вер­зи­ја на за­ко­нот е по­до­бра во од­нос на прет­ход­ни­те. Се­пак, ме­ѓу умет­ни­ци­те се чув­ству­ва ге­не­ра­лен ре­волт и скеп­тич­ност, не са­мо по­ра­ди об­вр­ска­та за до­пол­ни­тел­но пла­ќа­ње, ту­ку и по­ра­ди ад­ми­ни­стра­тив­ни­те об­вр­ски што се на­мет­на­ти со за­ко­нот.

 

Ка­ко прв чо­век на СОКОМ, ка­ко гле­да­те на ста­ту­сот на му­зи­ча­ри­те во де­неш­но вре­ме?
Петровски: За жал, де­нес не мо­же да се да­де мис­ле­ње со не­у­трал­на по­ли­тич­ка но­та, а уште по­мал­ку та­ка и да се сфа­ти од тие што го чи­та­ат/слу­ша­ат. Ме­ѓу­тоа, ста­ту­сот на му­зи­ча­ри­те де­нес е раз­ли­чен кај раз­лич­ни про­фи­ли му­зи­ча­ри во за­вис­ност од нив­на­та ве­шти­на да се ор­га­ни­зи­ра­ат и да се из­бо­рат за сво­јот ста­тус. Ду­ри и во умет­но­ста мо­ра да по­сто­јат лу­ѓе и ор­га­ни­за­ции што мо­ра да дејс­тву­ва­ат на по­ли­тич­ко-кул­тур­но ни­во со цел по­сто­ја­но да се над­гра­ду­ва ста­ту­сот на умет­ни­ци­те. Тоа не ни­што по­ве­ќе од си­стем на ко­му­ни­ка­ци­ја, со­ра­бо­тка, спо­де­лу­ва­ње на идеи и на­о­ѓа­ње по­лез­ни ре­ше­ни­ја. Не­кои го пра­ват тоа по­ус­пеш­но, не­кои не. Не­сом­не­но е де­ка ста­ту­сот на му­зич­ки умет­ни­ци бе­ле­жи зна­чи­те­лен по­раст во из­ми­на­ти­те не­кол­ку го­ди­ни, не са­мо во пог­лед на пла­ти­те и на фи­нан­си­ска­та под­др­шка од др­жав­ни­те ин­сти­ту­ции, ту­ку и спо­ред сопс­тве­ни­те кре­а­тив­ни и ква­ли­тет­ни по­тфа­ти ус­пе­а­ја да се на­мет­нат ка­ко зна­чи­тел­ни суб­је­кти без кои му­зич­ка­та сце­на, ед­но­став­но, не мо­же да функ­ци­о­ни­ра. Од дру­га стра­на, пак, мо­же да се за­бе­ле­жи из­вес­на не­прав­да во од­нос на пла­ти­те, осо­бе­но на про­фе­со­ри­те на ФМУ – Скоп­је, кои не са­мо што зе­ма­ат по­ма­ла пла­та во од­нос на дру­ги­те два др­жав­ни му­зич­ки фа­кул­те­та, ту­ку че­сто нив­ни­те сту­ден­ти, кои што­ту­ку дип­ло­ми­ра­ле, има­ат ед­на­ква или по­ви­со­ка пла­та во опре­де­ле­ни ин­сти­ту­ции. Зна­чи, не мо­же­ме да да­де­ме во­оп­шту­ва­ме ра­бо­ти­те без да го пог­лед­не­ме кон­тек­стот. Бла­го­да­ре­ние на слу­хот на ин­сти­ту­ци­и­те и искре­на­та жел­ба да ја прид­ви­жат му­зич­ка­та кул­ту­ра, ста­ту­сот на му­зи­ча­ри­те не­сом­не­но бе­ле­жи го­лем по­раст во из­ми­на­ти­те го­ди­ни, но сè уште има про­стор за по­до­бру­ва­ње и за ба­лан­си­ра­ње ме­ѓу раз­лич­ни­те гру­пи умет­ни­ци.

 

(Разговараше: Невена Поповска
Текст објавен во 135. број на неделникот „Република“, 3.04.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top