| четврток, 6 декември 2018 |

Сефолоша биел битка со четворица полицајци, Антиќ му чувал грб

Претставници на њујоршката полиција што пристигнале на местото на злосторството пред клубот „1 ОАК“, каде што со нож беше прободен Крис Коупленд, изјавија дека имале многу мака да го скротат Табо Сефолоша, соиграчот на Перо Антиќ од Атланта хоукс. Бекот на „јастребите“ биел битка со четворица полицијаци и не им дозволувал да му стават лисици на рацете, а Перо му чувал грб.

– Двајцата кошаркари не ни дозволуваа да го заградиме местото на злочинот иако се поместија за неколку чекори. Кога побаравме да се тргнат за да може да се спроведе истрагата, Сефолоша стана агресивен. Четворица полицијаци се обидувавме да го смириме, а потоа моравме и да му ставиме лисици на рацете, но тој клоцаше и употреби сила. Антиќ не му дозволи на еден од моите колеги да го уапсат Сефолоша, па моравме и него да го приведеме – изјави Џон Пол Џианкона, полицаец кој бил на местото на настанот веднаш по инцидентот.

Пресудата за Антиќ и за Сефолоша, кои беа приведени во десеттиот дистрикт во њујоршката полиција, ќе биде позната на 16 јуни. По расправија од засега непознати причини, пред престижниот клуб „1ОАК“ во Њујорк, прободени со нож беа кошаркарот Коупленд од Индијана пејсерс и неговата свршеница, а Антиќ и Сефолоша, кои биле во непосредна близина, беа упасени поради попречување службени лица во униформа. Можно е во обвинителниот акт против нив да има и физички напад врз полицајци. Коупленд и неговата придружничка завршија во болница со убоди од нож, но се надвор од животна опасност, а Антиќ и Сефолоша подоцна беа пуштени од полициската станица, но не настапија за Атланта хоукс ноќеска против Бруклин нетс.

perica

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top