| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорк со рекорден број жители во последниве 60 години

Во Њујорк првпат по повеќе од 60 години се доселиле повеќе луѓе отколку што се отселиле, покажале податоците за 2012 година, за кои градоначалникот Мајкл Блумберг рекол дека претставуваат сведоштво за квалитетот на животот во најголемиот американски град. Американското биро за статистика навело дека во јадрото на градот сега живееле рекордни 8,3 милиони лица.

Според процените на ова тело, бројот на жители во Њујорк за две години се зголемил за повеќе од 161 илјада. Зголемувањето, исто така, се препишува на сѐ поголемиот природен прираст и сѐ подолгиот животен век на луѓето. Бројот на жители во многу големи градови во САД почнал да се намалува по Втората светска војна бидејќи луѓето сѐ почесто заминувале да живеат во предградијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top