| четврток, 6 декември 2018 |

Тројно зголемен бројот на емигранти во Грција

имигранти

Во првите три месеци од годинава трипати се зголемиле илегалните мигранти кои во Грција пристигнале по морски пат.

Според грчката крајбрежна стража, во првиот квратал од 2015 година по морски пат во Грција пристигнале 10.445 илегални имигранти, а во истиот период минатата година нивниот број изнесувал 2.863.

Само во март на различни острови во источниот дел на Егејско Море биле откриени 6.498 илегални мигранти.

Најголем број илегални мигранти пристигнале на островот Лезбос (околу 4.500), а потоа следат островите Иос, Лерос и Самос.

Грчките власти само денеска привеле 38 емигранти во реонот на островот Кос, а други 43 биле откриени во реонот на Родос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top