| четврток, 6 декември 2018 |

Ако излезе од еврозоната, на Грција ѝ се заканува хуманитарна катастрофа

грција2

Шефот на германската служба за анализа и за процена на економскиот развој, Кристоф Шмит, ја предупреди Грција дека ѝ се заканува хуманитарна катастрофа доколку ја напушти еврозоната.

– Последиците ќе бидат енормни и грчката влада моментно си игра со оган – изјави Шмит за „Вестдојче алгемајне цајтунг“.

Тој ги предупредува европските влади да не ја слушаат грчката влада, која сака да го напушти рефомскиот курс.

– Најлош и најскап пат би бил ако се попушти пред барањата на Атина за да се спречи по секоја цена излегување на Грција од еврозоната – наведува Шмит. Тој апелира до државите-членки на Европската унија дека не смеат тоа да го дозволат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top