| четврток, 6 декември 2018 |

Романија не се плаши од Русија

ponta

Премиерот Виктор Понта ја поздрави реакцијата на НАТО на агресивниот став на руското МНР во врска со Романија, соопшти Владата во Букурешт.

– Романија е доверлив партнер на НАТО и нема да се уплаши поради агресивната изјава на руската дипломатија. Романија ги осудува агресивните акции на Руската федерација во Украина – наведуваат од Кабиентот на премиерот.

Понта вели дека Романија ја поздравува одлучноста на НАТО за „подготвеност на алијансата да ги заштити своите членки од каква било форма на агресија“.

Изјавата на Понта е реакција на портпаролот на МНР на Русија, Александар Лукашевич, кој рече дека Русија ги осудува зголемувањето на силата на НАТО во Романија бидејќи со тоа Букурешт „жртвува регионална стабилност“ и тоа за „љубов на стратези од други делови од светот“. Тој додаде дека „е евидентно дека Русија не е никаква закана за Романија или друга држава“.

Лукашевич пред неколку дена зборуваше за тоа дека Романија треба да биде свесна за својата одговорност и „последиците“ од проширувањето на силите на НАТО на нејзина територија, оценувајќи ги како „опасни“ акциите на алијансата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top