Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека министрите на владејачките социјалдемократи нема да го блокираат претседателот на Чешка, Милош Земан, да патува во Москва на воената парада на 9 мај.
Потребно е да се даде почест на советските војници кои ги положиле животите за ослободување на Чехословачка на крајот на Втората светска војна, рекол Соботка по средбата со Земан.
Премиерот и претседателот на Чешка имале средба вчера пред седницата на владата на која министрите требаше да одлучат дали ќе го поддржат патот на Земан во Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.