| четврток, 6 декември 2018 |

Чешкиот премиер ја поддржа намерата на претседателот Земан да патува во Москва

sobotka zemanЧешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека министрите на владејачките социјалдемократи нема да го блокираат претседателот на Чешка, Милош Земан, да патува во Москва на воената парада на 9 мај.

Потребно е да се даде почест на советските војници кои ги положиле животите за ослободување на Чехословачка на крајот на Втората светска војна, рекол Соботка по средбата со Земан.

Премиерот и претседателот на Чешка имале средба вчера пред седницата на владата на која министрите требаше да одлучат дали ќе го поддржат патот на Земан во Москва.

– Социјалдемократските министри во владата не сакаат да го блокираат претседателот на патот кон Москва. На посетата треба да се гледа во контекст на 70-годишнината од ослободувањето на Чехословачка, а неспорен е фактот дека поголемиот дел од нејзината територија е ослободена од Црвената армија. Тогаш загинаа преку 100.000 војници и на паднатите борци треба да им се даде должната почит – изјавил премиерот пред новинарите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top