Босанскио интернационалец Сенад Лулиќ му донесе пласман во финалето на италијанскиот куп на Лацио и меч за трофејот против Јувентус. Лулиќ на асистенција на Андерсон беше прецизен во 79. минута на реванш дуелот со Наполи, за триумф на тимот од Рим со 1-0. Првиот меч заврши нерешено, 1-1.
Претходно и Јувентус на гости се избори за финале иако во реваншот со Фиорентина тргна со негатива од 1-2. Во вториот меч старата дама од Торино победи со 3-0 и ќе игра за трофејот со Лацио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.