Украинскиот шампион во кик-бокс, Сергеј Лашченко е убиен денеска во Одеса во престрелка при која се повредени уште две лица. На Лишченко и уште двајца негови пријатели одненадеж било пукано од непознати напаѓачи.
Шампионот од Павлоград имаше 28 години, со педигре на еден од најдобрите кик-боксери на светската сцена. Лашченко во 2011 година беше победник на престижниот Суперкомбат во светската Гран При серија. Во кариерата имаше 47 борби, од нив 33 ги заврши со победа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



