Британските погранични власти почнуваат со пасошка контрола на сите патници и при нивното напуштање на територијата на Велика Британија, соопшти Министерството за внатрешни работи во Лондон.
Според досегашните прописи, патниците беа идентификувани и проверувани само при влегувањето во земјата, но не и при излез од Велика Британија.
Новата мерка на Хоум Офисот предвидува пограничните власти да ги собираат податоците од луѓето кои заминуваат од земјата и потоа да им ги предаваат на британското Министерство за внатрешни работи.
Посебна контрола ќе се прави за патниците што го минуваат каналот Ламаш, што ги дели Велика Британија и Франција. Тоа ќе се однесува како за патниците со или без автомобили, со возовите „Евростар“ кои минваат низ тунелот под Каналот, така и за оние кои заминуваат со фериботите на линијата од Довер до Кале.
Проверките на оваа мерка, што досега беше применувана покажа дека новата дополнителна контрола на пасошите и идентификацијата на патниците не предизвикува проблеми и застои во транспортот. Проверки се правени како кај терминалот на „Евростар“ кај Фолкстон, така и на пристаништето во Довер.
Првиот месец од примената на новите прописи ќе се скенираат пасошите на сите патници, а на 25 отсто од нив ќе им се прави и пасошка контрола со земање на податоците, но до јуни таквата постапка ќе се користи за сите кои излегуваат од британската територија.
Новите мерки за пасошка контрола при напуштањето на Велика Британија ќе се применува и на сите домашни аеродроми на сите меѓународни летови.
Британската влада го објаснува воведуваљето на новите мерки со потребата да се има поголем контрола врз имиграцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.