| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ е подготвена да го укине визниот режим за Украина

еу

Европската унија е политички подготвена за укинување на визниот режим за Украина и сега останува да бидат завршени уште некои технички детали, изјави полскиот амбасадор во Киев, Хенрик Литвин.

– Донесени се сите потребни политички одлуки и нема сомнеж дека ЕУ е политички подготвена за укинување на визниот режим. Останува уште украинската страна да ги имплементира неопходните технички услови – изјави Литвин.

Како што јави Укринформ, Литвин нагласи дека не може да каже точен датум за укинување на визниот режим, додавајќи дека сите шпекулации за тоа кога ЕУ ќе ги укине визите за Украинците само би можеле да го искомпликуваат целиот процес.

– Убеден сум дека (на самитот на источното партнертсво во мај) во Рига ќе имаме помалку или повеќе утврден календар, Сакам да нагласам дека тоа не е прашање на политичка одлука – потенцира Литвин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top