| четврток, 6 декември 2018 |

Најсиромашниот кварт во Рим претворен во галерија на отворено

c191b394ad15f4d460cdaf1669f3347e

Улични уметници од целиот свет, некои од најсиромашните квартови на Рим ги претвараат во галерии на отворено. Модерните дела се инспирирани од наследството на античките римски стенописи и италијанските мајстори.

Улични уметниците и даваат малку колорит на една од крајните и најсиромашни населби на Рим.

Иницијативата е на локалните власти, а целта е да се создадат алтернативни галерии на отворено, кои ќе привлекуваат туристи кон помалку познатите области. Само за неколку недели се создадени 20 стенописи од 14 м.

Иако и самите уметници несомнено горат од ентузијазам да ги покажат своите таленти во толкави размери, најзадоволни се жителите на населбата. Тие се радуваат на раздвижување и интересот од страна на туристите.

Локалните власти се одлучиле да инвестираат 1,3 милиони евра за проектот наречен „Креативен Рим“. Досега за 38 уметнички дела се потрошени 200 илјади евра.

Доколку не е одобрено од страна на властите, како во овој случај, цртањето на графити на јавни места во Италија е нелегално.

Уметниците кои ќе се осмелат да го прекршат овој закон, ризикуваат да бидат строго казнети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top