Турските власти ја укининаа забраната за пристап до социјалните мрежи, меѓу кои сеТвитер, Фејсбук и ЈуТјуб, воведена вчера заради објавување на фотографии од обвинителот кого минатата недела во Истанбул го убија екстремисти, соопшти официјална Анкара.
Во понеделникот во Турција неколку часа немаше пристап на социјалните мрежи, а налогот го издаде судот кој го блокира пристапот до сите сајтови, иако денеска сите функционираат нормално, пренесуваат француските медиуми.
Пристапот до социјалните мрежи повторно беше обновен откако сите сајтови постапија во согласност со наредбата на судот и ги отстранија спорните фотографии. Наредбата за блокада на страниците беше издадена откако беа објавени фотографиите на кои екстремистите држеа вперен пиштол во главата на обвинителот Мехмет Селим Кираз, кој подоцна беше убиен во пукотницата меѓу полицијата и групата која го киднапира во зградата на судот.
Владини функционери ги критикуваа турските медиуми заради објавување на таквите фотографии, оценувајќи дека станува збор за антивладина пропаганда.
Кираз беше ранет со куршум во глава кога екстремистите ја зазеле зградата на судот, а обвинителот подоцна им подлегна на повредите во болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.