| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ помалку секс. Зошто?

pomalku-seks

Можеби веќе многумина помислувате дека виртуелната комуникација ја убива желбата за љубов и за секс. Токму затоа се појавија и првите научни докази.

Проф. Дејвид Шпигелхалтер од Кембриџскиот универзитет, издава книга во која тврди дека сексуалниот живот на човештвото е во опаѓање од моментот кога се појавил интернет.
internet_in_seks_out_h17312

– Денес просечната двојка има секс само три пати месечно. Додека во 2000 година показателот беше 4 пати, порано имаше јасно разграничување меѓу личен и општествен живот. Но, денес сѐ е испомешано и јавниот живот се интегрира во личниот – тврди професорот.
9-ot-amerikancite-polzvali-telefonite-si-po-vreme-na-seks-159372

Луѓето постојано си ја проверуваат пошта во ноутбуците и смартфоните и слободно време едноставно не останува. Професорот дури смета дека поради виртуелната комуникација сѐ повеќе луѓе живеат поединечно, а не во двојки и во семејства.
Комуникацијата не се прекинува и нема смисла да се живее заедно. Можете да си го вклучите радиото, да најдете пријатна музика или да ја поминете вечерта во друштво на пријател.
Освен со овој технолошки напредок, нашиот живот е полн со секакви потфати, идеи, настани и едноставно не останува време за дружење со партнерот. Се менуваат приоритетите, на прво место е работата. А таа благодарение на паметните телефони може да нѐ пронајде и под туш, и во кревет. Сексот воопшто не е приоритет за современиот, зафатен човек со смартфон.

facebook-or-sex-640

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top