Возрасните ретко се изјаснуваат за омилената боја. Ако не сте сигурни која е вашата боја, отворете го својот плакар, погледнете ја својата соба или стан, погледнете околу себе и пронајдете ја причината, бидејќи боите се многу силен показател на карактерот, па можат многу да откријат за вас, што го вклучува и фактот какви сте во сексот.
Црвена
Во креветот сте страстни и уживате на различни начини. Сакате да бидете предмет на посакување и уживате во моќ и доминација.
Жолта
Вашиот сексуален нагон е многу комплексен, но истовремено и приспособлив. Сакате доминантни партнери, кои имаат целосна контрола во сексот.
Розова
Кога станува збор за сексот, сакате да бидете незрели и по малку разиграни. Сакате да ветувате повеќе отколку што сте подготвени да дадете. Мажите што ја сакаат оваа боја често се склони на флерт.
Виолетова
Себеси се сметате софистицирани за игрите во креветот. Сакате контрола и правила, и склони сте на рутински сексуални желби. Оптоврени сте повеќе со сопственото уживање, отколку со желбите и потребите на партнерот.
Зелена
Вашиот пристап кон сексот е нежен. Жените кои ја сакаат оваа боја сексот го доживуваат како чисто водење љубов како за време на заљубеност, додека мажите можат да бидат многу несмасни и необични, но на некој симпатичен и позитивен начин. Не се склони на неверство.
Портокалова
Сексот го сметате за ваша фантазија и се трудите и така да изгледа. Предиграта ви е подеднакво важна како и самиот чин на водење љубов. Иако ретко доаѓате до врвот, уживате во самата игра на заведување, што вклучува и филмски движења, како траги од нокти на грбот на партнерот или повлекување на косата на партнерката.
Црна
Сакате предизвици, нови уживања и неочекувани ситуации. Реагирате според сопствените сексуални вежби, но кога ќе се најдете во стресна ситуација, сексот е последното за што размислувате.
Сива
Многу сте неодлучни и тешко се возбудувате. За мажите сексот претставува ослободување од притисокот и задоволување на нагоните, додека за жените – задоволување на потребите на партнерот или нужен пат до проширување на семејството.
Сина
Ви сте одличен партнер во сексот. Внимателни сте и чувствителни, а љубовта и сексот за вас се уметност. Верни партнери сте, многу давате, но и очекувате.
Бела
За вас сексот е нешто многу приватно и мистериозно. Сакате да водите љубов во мрак, што значи дека не сте подготвени за сексуални игри, ниту било какви други зачини во креветот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.