Грција има потреба од долгорочна „национална стратегија“ со цел да се справи со приливот на мигранти без документи од Средниот Исток, Африка и Азија, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас по денешната средба со европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос.
– Европската унија треба да покаже повеќе солидарност кон луѓето кои бегаат од воените зони – рече Ципрас и додаде дека исто така треба да има повеќе поддршка за земјите на надворешните граници на Европа, како што е Грција, во кои влегуваат повеќето мигранти.
Европската комисија е свесна за потребата од подобрување на сегашните прописи со кои илегални мигранти се враќаат и документираат од страна на државата на ЕУ во која влегле прво, рече Аврамопулос.
– Во моментов е широко прифатено дека нешто мора да се промени – рече еврокомесарот и додаде дека за таа цел ќе биде поднесен сеопфатен предлог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Ројтерс: Ципрас обезбеди доволен број гласови за ратификација Преспанскиот договор и без Каменос