| четврток, 6 декември 2018 |

Проклетството на реалните шоуа

Некогаш биле учесници во реални шоуа во регионот, а сега или се жртви или убијци. Црната статистика вели дека речиси да нема реално шоу по чие завршување на некој од учесниците на му се случила некаква страшна трагедија, сообраќајна несреќа, убиство, насилна смрт...

Žaklina Kojić Fb_1000x0

Стеван Којиќ („ДНК“) – ја претепа до смрт сопругата пред нивните деца

Пред неколку дена Стеван ја претепал сопругата Жаклина до смрт удирајќи ја со раце и со нозе, додека нивните деца од три, односно една година, биле во соседната соба будни. Од здобиените повреди Жаклина починала пред лекарите да можат да ѝ помогнат. Според епизодата на реалното шоу „ДНК“  во која учетвуваше ова семејство, Стеван се двоумел дека едно од децата не е негово, но резултатите од ДНК анализата биле позитивни, односно го докажале спротивното.

6392_ksenija-pajcin-01-foto-gvozden-rakic_af

Филип Каписода („ВИП Големиот брат“) – ја застрела во глава девојката и се самоуби

 Неколку месеци по завршувањето на реалното шоу во кое учествуваше во 2010 година, во нивниот заеднички стан, манекенот ја уби својата девојка, познатата српска пејачка Ксенија Пајчин, а веднаш потоа се самоуби.

f577f602c8fd8ba0293cf6101e0e7fff

Зорица Лазиќ, Стеван Зечевиќ и Елмир Кудузовиќ („Големиот брат“) – загинаа во сообраќајна несреќа

Втората сезона на „Големиот брат“ во 2007 година беше прекината откако во сообраќајна несреќа кај Обреновац загинаа тројцата учесници во шоуто. Поради лед на патот и неприлагодена брзина, автомобилот со кој управувал Кудузовиќ, најпрвин се превртел, а потоа завршил во реката Вукодраж.

Antal2

Антал Скенџиќ („Големиот брат“) – ја уби мајка си

Учесникот на првата пилот емисија на „Големиот брат“ во 2006 година, со нож до смрт ја избоде својата мајка Розалија, по што е осуден на 10 години затвор.

Извор: Пулс онлајн

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top