| четврток, 6 декември 2018 |

Јосиповиќ формира нова партија

Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ најави формирање на нова партија, прецизирајќи дека тоа ќе биде левоцентристичка формација на млади луѓе со свежи идеи, а името засега го чува во тајност.

Тој најави дека кон средината на следниот месец ќе се одржи основачко собрание на партијата, додавајќи дека темелни одредници ќе бидат тоа што Хрватска не ги спровела реформите, а проблемите кои постојат не можат да се решаваат како досега.

– Недостатигот на реформи е најголем проблем на оваа Влада. Праксата покажа дека во нашите институции има многу проблеми, како што е бавното решавање на судските спорови и неразумните прописи кои ја стопираат економијата, но и бавната реакција за кризата – објасни Јосиповиќ, кој смета дека следните парламентарни избори ќе се одржат во текот на оваа есен.

Редовниот термин за следните парламентарни избори во Хрватска е почетокот на идната година, односно најдоцна до 20 февруари 2016.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top