Викендов во скопската Брза помош имало 100 интервенции дневно, а најчесто помош барале лицата со кардиоваскуларни болести.
– Викендов, во просек, имавме по 100 интервенции дневно. Најчесто станува збор за интервенции кај граѓани со кардиоваскуларни проблеми. Имаме и по 3-4 мозочни удари дневно што е вообичаено за овој период и не е алармантна бројка – изјави д-р Анита Димоска, раководител на Службата за итна медицинска помош.
По најавите за нов темературен шок од среда со затоплување на времето, лекарите апелираат хроничните пациенти редовно да ја земаат терапијата и да се консултираат со матичните.
– Може да се јават и за совет на телефонот 194. Доколку состојбата е сериозна, ние веднаш ќе интервенираме, а лекарски совет може да добијат и на линијата на „Ало докторе“ – додаде д-р Димоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сред сезона во Охрид: Два лекари и три сестри, единствениот медицински персонал во Брзата помош
-
И науката потврди зошто мажите се како бебиња кога ќе се разболат
-
Дури 97 отсто болни од рак го имале овој здравствен проблем предходно
-
Нема греење, ниту му работи светлосната сигнализација: Во Струга едно болничко возило за 60 илјади жители