| четврток, 6 декември 2018 |

Обама : САД остануваат со Израел и покрај привремената спогодба со Иран

обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави во Вашингтон дека САД остануваат со Израел и покрај минатонеделата спогодба со Иран околу неговата нуклеарна програма.

Во уште еден обид на Обама да ги увери Израелците да не стравуваат затоа што САД и понатаму се нивниот најцврст поддржувач, американскиот претседател упати предупредување до земјите на Блсикиот Исток.
– Иран и сите другите во регионот, треба да знаат дека доколку кој било предизвикува неприлики со Израел, Америка ќе биде веднаш таму за да помогне, рече американскиот претседател.
 Обама е обвинуван во САД дека направиле премногу отстапки кон Иран, а дека притоа  ја загрозил безбедноста на Израел.
Американскиот претседател ги отфрла таквите критики и вели дека би била „фатална грешка“ на целото негово претседателство, доколку поради неговите политички потези, Израел остане ранлив.
Тој вели дека има разбирање за стравувањата израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху кој беше и остана најостриот критичар на спогодбата со Иран, заедно со американските републиканци.
– Израел има право да биде загрижен од Иран, затоа што оваа земја се закануваше со уништување на израелската држава, го негираше Холокаустот и промовираше силни антисемитски идеи- вели Обама, но за него рамковната спогодба со Техеран е „можност која се среќава еднаш во животот“ затоа што на тој начин, се запира ширењето на нуклеарното оружје на Блискиот Исток.
Според спогодбата, што до 30 јуни треба да стане траен договор, Иран се обврзува да ги уништи своите резерви на збогатен ураниум што може да се користат за производство на атомска бомба,како и да го намали за две третини,бројот на центрифугите кои може да се искористат за добивање на ваков ураниум.

За возврат, Западот и меѓународната заедница ќе ги укинат санкциите кон властите во Техеран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top