| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската металургија усвоила 80 отсто од европските стандарди

метал

-Македонскиот металургиски сектор има усвоено околу 80 отсто од европските стандарди или вкупно 780. Сите поголеми компании, особено извозноориентираните, работат според барањата на светскиот пазар – беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора.

Како што истакна професорот Свето Цветковски, претседател на Здружението на металурзи, спроведувањето на стандардите значи поголема конкурентност, сигурен пласман, намалување на загубите и на производните трошоци.

– Секоја компанија што работи за извоз мора да ги применува стандардите. Тоа практично гарантира дека производот е квалитетен и ги задоволува барањата на нарачателот – нагласи Цветковски.

Според него, воведувањето на стандардите воопшто не значи поголем трошок.

– Секоја компанија применува стандарди што се за неа битни, во зависност од обемот и од доменот на производство – посочи професорот.

Одговорајќи на новинарски прашања, Цветковски информира дека металургијата годинава не очекува големи поместувања во однос на производството. Резултатите ќе бидат на речиси исто ниво како лани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top