| четврток, 6 декември 2018 |

Моќта на „старата дама“, Јувентус може да ја банкротира Серија А

Моќна е „старата дама“ од Торино, а силата на Јувентус може скапо да ја плати една од најдобрите фудбалски лиги во Европа, италијанското калчо. На Серија А ѝ се заканува банкрот ако раководството на Јувентус ја добие битката, во која засега победува. Врховниот суд на Италија одлучи дека Јувентус нема вина во аферата „Калчополи“ и дека треба да му се вратат двете титули освоени на терен, а подоцна доделени амдинистративно на Интер. Поради сомневање во местење натпревари, Јувентус ги загуби двете титули и беше префрлен во понизок ранг, што сега скапо може да ја чини Серија А.

Од Управата на „старата дама“ од Торино бараат отштета од 443 милиони евра, што е преголем товар за здружението на прволигаши во Италија, организирани во калчото или популарно наречена Серија А. Патем, Јуве речиси сигурно ќе си ги врати шампионските круни и ќе има вкупно 32.

curva-della-juventus

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top