Леонардо ди Каприо има нова девојка. Неодамна Лео ја раскина врската со 22- годишната германска моделка Тони Гарн и речиси во истиот момент се фатил со 24-годишната американска актерка и моделка Кели Рорбах.
Потсетуваме дека откако Ди Каприо во 2011 година по 6 години заедно стави крај на врската со моделот Бар Рафаели, тој не успеа да си најде сопатничка во животот.
Ди Каприо ги менуваше партнерките на половина година или уште почесто. При тоа, девојките му беа сите високи, русокоси од светот на модата. До пред романсата со Тони Гарн, тој се среќаваше со Нина Агдал. Имаше и гласини за блиски односи на Лео со пејачката Ријана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.