Како дел од неговата светска турнеја, Роби Вилијамс во јуни пристига и во Србија, за големиот концерт, кој на 17 јуни ќе се одржи на белградско Ушче.
– Пеколот го снема, рајот пристигна и јас тргнувам на турнеја –се зборовите со кои Роби ја најави планетарната турнеја и ги отвори распродадените концерти во Мардид, Барселона и во Париз.
Тоа што секогаш ги придружува големите ѕвезди се нивните т.н. рајдер листи, сето тоа што сметаат дека им е потребно да им обезбедат организаторите. Рајдер листата за Белград сè уште не е пристигната, но затоа за концертот на 15 април во Минск, Белорусија, барањата на Вилијамс веќе се испратени, а листата е, навистина, голема.
Како што пренесува „Минск хералд“, Роби Вилијамс патува со толпа што има повеќе од 100 членови. Покрај групата и техничкиот персонал, има и шест телохранители. Исто така, пејачот никаде не оди без својот личен фризер, масер и шест готвачи, кои ќе се погрижат целата екипа да не остане гладна.
Вилијамс побарал три гардероби и тоа само за себе, но и уште шест за членовите на тимот. Покрај тоа, Роби побарал и пет канцеларии. Секоја гардероба мора да има огледала такви на кои може да се види цел и такви што ќе стојат на масите. Сите огледала мора да имаат посебно осветлување.
Една гардероба е резервирана за Питер Вилијамс, таткото на Роби, кој настапува на секој негов концерт како придружен вокал.
Во рајдер листата пејачот навел дека сака и 280 пешкири, средство за гаснење пожар и четири различни британски весници.
Готвачите на Роби побарале да им бидат испратени 16 литри млеко, еден килограм печурки, еден килограм домати, 48 јајца и 24 крофни.
Пејачот побарал и фрижидер со 50 килограми мраз. Според неговата желба, 20 килограми треба да бидат донесени пред концертот, додека останатите 30 килограми ќе бидат донесени точно напладне на денот на концертот.
Тоа што е, можеби, најинтересното е што Роби побарал зад сценаата да има 30 каучи.
Извор: Блиц.рс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.