Ќерката на Алек Болдвин и Ким Бесинџер дава сигнал дека веќе е голема девојка. Деветнаесетгодишната Ајрелнд, со секси-фотосесија порача: „Не ме споредуваат со мајка ми! Јас не сум таа!“. Таа признава дека страда од постојаните критики дека не е копија на својата славна мајка, која беше неприкосновен секс-симбол на својата генерација.
Младата Ајрленд Болдвин на „Инстаграм“ објави црно-бели фотографии и призна дека сѐ уште не се чувствува удобно пред објективот. Иако тоа не се гледа на совршените фотографии, Ајрленд вели дека зад нив се кријат голем број проблеми.
Пред само неколку години таблоидите објавија нејзини фотографии со лоши критики за нејзината фигура.
Сепак, денес повеќе од очигледно е дека младата русокоса има доволно причини да ја зацврсти самодовербата, достојна за една Болдвин-Бесинџер.
Ајрленд го покажува контроверзното и стегнато тело.
– Се разбира дека добивам коментари дека не сум добра за моделка, дека не сум привлечна и дека сум премногу висока (188 см).
Се борев со многу комплекси во врска со моето тело и со недостигот од самодоверба. Позирањето навистина може да ви помогне да се почувствувате поубави. Често се случува да ме споредуваат со мајка ми, но јас не сум моите родители. Мајка ми е една од најубавите жена на светот. Таа е висока 178 см , јас сум 188 см.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.