Холивудската ѕвезда, 60-годишниот актер Алек Болдвин и неговата 26-години помлада сопруга, Хилари по четврти пат добија дете.
Веста за бебето ја соопштија на социјалната мрежа Инстаграм.
„Одиме повторно“, се пошегува актерот под фотографијата, која е направена во болница, додека Хилари открила дека станува збор за машко дете и оти неговата тежина е 3 килограми и 600 грама.Тие имаат уште две машки деца и едно девојче.
Болдвин веќе има и 22-годиша ќерка, Ајрленд која ја доби од бракот со Ким Бесинџер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.