| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Чешка до американскиот амбасадор: Непожелен си во мојот кабинет!

Milos-Zeman_3095113bЧешкиот претседател го прогласи американскиот амбасадор за непожелен во претседателскиот двор затоа што како претставник на САД си дозволил да ја критикува неговата најава за посета на Москва.

Претседателот Милош Земан жестоко го нападна американскиот амбасадор во неговата земја Ендру Шапиро и го прогласи за непожелен во својата канцеларија затоа што ја критикувал намерата на Земан да отпатува во Русија на пролсавата на 70-годишнината од крајот на Втората светска војна.

– По таа изјава, вратата на дворецот во Прага е затворена за амбасадорот Шапира – рекол Земан.

– Не можам да замислам дека чешки амбасадор во Вашингтон би му делел совети на претседателот на САД каде да патува. Не дозволувам некој амбасадор да ги планира моите патувања – рекол чешкиот претседател.

Шапиро кон крајот на минатиот месец изразил чудење за намерата на Земан да отпатува во Москва. Според амбасадорот, Земан би можел да биде единствениот челник на некоја земја членка на ЕУ на прославата во Москва.

– Тоа е малку незгодно – рекол амбасадорот, додавајќи дека не е негова работа да зборува на чешкиот претседател што треба да прави.

Според грчките медиуми, на прославата во Москва на 9 мај, покрај Земан, ќе бидат и највисоки претставници на Грција и Кипар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top