Чешкиот претседател Милош Земан в четврток ќе пристигне во дводневна посета на Македонија, соопштија од неговиот Кабинет.
Земан со неговиот домаќин, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов меѓу другите теми ќе разговараат и за миграциската криза.
За време на најголемата криза со бегалците, Чешка во Македонија испрати парична помош и неколку десетици полицајци кои беа вклучени во постапката за регистрација на мигрантите на грчко-македонската граница.
По средбата, според соопштението од Кабинетот на шефот на чешката држава, Земан ќе добие државно одликување од претседателот Иванов.
Чешкиот претседатек Земан в петок, пред заминување ќе учествува на Чешко-македонскиот економски форум и ќе го посети манастирскиот комплекс „Свети Наум“ во Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево