| четврток, 6 декември 2018 |

На снимањето на новиот филм за Џејмс Бонд повреден Даниел Крејг

Крејг повреден на снимањето на новиот филм за Џејмс Бон. Британскиот актер го оперирал коленото коешто го повредил снимајќи го новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд.

Продукциската куќа „Eon Productions“ објави дека „помалиот оперативен зафат“ бил изведен во Њујорк, во текот на велигденската пауза од снимањата.

Портпаролката на продуцентската куќа негирала за BBC дека 47-годишниот актер мора да пропушти неколку денови од снимањето на 24-то продолжение од серијалот за тајниот британски агенти „со лиценца за убивање“, под насловот „Spectrе“. „Во текот на паузата, на Даниел Крејг артроскопски му е оперирано коленото. Ќе се врати на 22-ри април“, рекла портпаролката на продуцентите.

Снимањето на филмот започна во студијата на „Pinewood“ во Бакингемшир во декември, а од тогаш филмот беше сниман и во Рим и во Мексико.

Ова е четврти филм на Даниел Крејг за Џејмс Бонд, откако претходниот филм „Skyfall“ кој го сними во 2012 година заработи 1,1 милијарди долари. Новата приказна „Spectre“ ќе започне да се емитува во кината на 6-ти ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top