| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе возиме ли поскап бензин?

Северноморската нафта од типот Брент која се увезува и во Македонија на берзата во Лондон поевтини за 50 центи на 56,60 долари за барел, јави Франс Прес.
Иран е голем производител на нафта и укинувањето на санкциите ќе ја спушти цената на подолг рок.

Сепак, на краток рок цените на енергенсите во Македонија не се очекува да се намалат. Идниот понеделник, Регулаторната комисија за енергетика ќе направи нова корекција на цените. Доколку нема некои посериозни поместувања на светскиот пазар, не се очекуваат ни посериозни промени во Македонија. Можно е да возиме горива поскапи за еден денар по литар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top