| четврток, 6 декември 2018 |

Што ни носи крвавата Месечина?

Овој април 2015 е посебен и ќе биде запаметен по тоа што е месец во кој се е можно, како добро, така и лошо. Посебен е по тоа што вчера (4. април) се случи третата од сериите од четири тотални месечеви еклипси-познати како затемнување на Месечината.  Она што се гледаше е потполно црвената боја на Месечината, па затоа и ја викаат крвава Месечина, а најмал е и перигелот, т.е. растојанието од Земјата до меселината.

Донесува значајни промени, неопходни трансформации или просто-космички порамнувања. Уран одамна го подготви теренот на големите револуционерни промени, бидејќи е во Овен од 2010 година, а сега најверојатно доаѓа моментот кога смисолот на тие промени ќе биде јасен, како и насоката каде водат промените. И така Сонцето на 1 април беше во коњукција со Уран и квадратот со Плутон, точно на јужниот месечев јазол, давајќи и на оваа цела небесна рапсодија судбински или кармички тон…

Да не се занимаваме многу со прашања на човештвото, висока или нам блиска политика, туку како оваа хазардерска констелација на небото ќе се одрази на обичните луѓе? Можеби најпрво така што чукна часот секој од нас да го дефинира местото под Сонцето, на работа, во бракот, семејството, да го прифатиме она што е прифатливо и да го отфрлиме она што се коси со темелите на нашата личност и нашиот карактер.

Се што чувствуваме како товар и мачење сега просто би требало да исчезне, но така би можеле да не стигнат и некои одговорности кои од оправдани или од помалку оправдани  причини сме ги избегнувале.

Значи, да бидеме подготвени да ги добиеме точно оние шанси кои во минатото со одредени постапки или одлуки сме ги заслужиле. Можеби на прв поглед ни изгледало нефер, но важна е смислата и еднаш целосно ќе ја сфатиме. Во секој од нас може да проговорат немите гени, далечните сеќавања, можеби и несвесни, може да се разбудат емоциите за кои не сме биле свесни. Семејствата можеби се промениле, но добиле нова можност во поинаков облик да дојдат до истата цел.

Љубовта не е поседување, не е она на што филмовите и книгите не учеа, таа сега прераснува во познати рамки, претставува потполно духовно сочувство и од нас бара да ja даваме безусловно, а сакаме чисто и да немаме страв од блискост. Давајќи и слобода на саканата личност добиваме повисока смисла на љубовта.

Парите треба да ни слжат нам, а не ние нив. Работата што ја сакаме и во која гледаме смисол некогаш мора да донесат добра сатисфакција, а оние кои со себе носат само фрустрации и незадоволство, можат во следните шест месеци да престанат да постојат во нашите животи. И како кога ја чистиме куќата ги исфрламе непотребните нешта, да се подготвиме за новото и од минатото да го задржиме само она што што е добро и корисно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top