| четврток, 6 декември 2018 |

Папата Франциско побара да прекине прогонот на христијани

Папата Франциско денеска повика на прекин на прогонот на христијани во своето обраќање по повод Велигден, оддавајќи почит на студентите убиени во масакрот на исламски екстремисти на универзитетот Гариса во Кенија. Според долгогодишната традиција, папата по завршување на мисата, од балконот на базиликата Свети Петар на верниците им упати велигденска порака „Урби ет Орби“ во која се осврна на светските проблеми.

– Бараме мир за овој свет изложен на трговци со оружје, кои заработуваат на крвта на мажи и жени, истакна папата Франциско.

Папата нагласи дека млади луѓе, од кои многу цел бидејќи се христијани, се убиени минатата недела на кенискиот универзитет и ирази жалење поради киднапирањата зад кои стојат исламски екстремисти во делови на Африка, вклучително Нигерија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top