Покрај луксузниот хотел Изгрев во Струга, чиј сопственик е „Фибула“, најавија за 2016-та година ваков нов хотел во Охрид, кој ќе биде завршен во 2018-та година а ќе го носи името “Hotel Pearl Ohrid” или во превод “Хотел Бисер Охрид”.
-Ова ќе биде повлекување нанапред на целата Охридска ревиера и на Македонија во однос на квалитетот во однос на услугата на еден објект кој што ќе биде исклучително значаен на повеќе полиња. Ме радува што имаме вакви инвестиции и се надевам дека тие ќе продолжат и во наредниов период, очекуваме дека ќе имаме успешна сезона и оваа година и ќе имаме раст од 10 до 13 проценти на странски посетители, рече директорот на агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски.
Оваа година бројот на странски туристи во Охрид и Струга се очекува драстично да порасне и покрај оние 23.000 редовни гости од земјите на Бенелукс, оваа година со новите чартер линии од Охридскиот аеродром тој да биде поголем за уште десеттина илјади, бројка која ќе ја пополнат гостите од Турција, Данска, Австрија, Велика Британија а најавено беше и повторно враќање на гостите од Израел на Охридското езеро. Од тука и повеќе од потребно е зголемувањето на хотелите на Охридското крајбрежје од повисоката категорија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.