Католиците денеска го слават Велигден. Во Македонија, централното одбележување се одржа синоќа во Католичката црква Пресвето Срце Исусово. Литургија одржа скопскиот бискуп Киро Стојанов, на која присуствуваше државниот врв. Верниците чествувањето го продолжија со утринска миса. Велат ова е најголем и најубав празник кога сите се собираат на семеен ручек и се кршат со јајца. Разликата меќу католичкиот и прасовславниот велигден е само датумот на славење, цели монсињор Циримотиќ.
Традиционално и поглаварот на римо-католичката црква папата Франциско ја упата велигденската порака „Urbi et Orbi“ од базиликата Свети Петар во Ватикан. Им го честиташе празникот на сите верници и повика на мир и единство.
Честитка до католичките верници упати и државниот врв на Република Македонија.
-На овој ден сите христијани се присетуваат на пораката испратена со Христовото жртвување за спас на човештвото. На Велигден се разгласува веста за Христовото воскресение која е радост, утеха и поука за верниците. Нема поголема радост од онаа кога се празнува животот, се вели во честитката од претседателот Ѓорѓе Иванов.
-Авторитетот на Католичката црква дава придонес за заеднички соживот на сите граѓани во Република Македонија без разлика на својата етничка или религиска определба. Само така можеме сигурно да чекориме кон изградба на модерна и просперитетна Република Македонија, честита претседателот на Собранието Трајко Вељановски.
-Целта и смислата на животот се исцрпува во живеењето во согласност со нашите заеднички христијански традиции и вредности, со безусловна љубов за Бога и за секој човек. Тоа е патот кон душевен и меѓучовечки мир и разбирање, пат на меѓусебно почитување, помагање и добрина, стои во честитката од Премиерот Никола Груевски.
Празникот на католичките верници во земјава го честиташе и лидерот на опозицијата Зоран Заев.
-Искрено верувам дека сите ние заедно се залагаме за создавање подобра, посветла иднина за Република Македонија кадешто меѓусебното разбирање, взаемното почитување и толеранцијата меѓу сите граѓани ќе бидат основни темели за заеднички и спокоен живот, вели заев во честитката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.