Денеска е Велигден за сиот христијански католички свет. За време на својата традиционална велигденска проповед папата Франциск најверојатно повторно ќе зборува за современите христијански маченици.
На Велики петок папа ги критикуваше големите меѓународни организации, го осуди нивното молчење за случаите на масовни убиства на христијани во Африка и на Блискиот Исток, соопшти „Би-би-си“.
Шефот на Англиканската црква Кантербериски епископ Џастин Уелби исто така ќе им оддаде почит на својата велигденски проповед на оние кои загинале за христијанската вера во модерните времиња. Се очекува Кантербериски епископ да ги повика христијаните да се спротивстават на прогонството без да користат насилство и да изрази поддршка кон оние кои се подложени на прогони, поради својата христијанска вера.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.