Во понеделник, на 6 април во Музеј на град Скопје во 20 часот, во рамки на манифестацијата „Денови на македонска музика“ ќе се изведат делата на младите композитори Андреј Блажевски, Маријана Јаневска, Никола Коларовски, Маја Јовановска, Филип Иванов, Кирил Крстевски, Ангел Спироски и Алмир Бајрамоски.
Младите композиторите се студенти на Факултетот за музичка уметност – Скопје од класите на професорите Јана Андреевска, Сони Петровски и Дарија Андовска.
Композициите премиерно ќе ги изведат млади исполнители меѓу кои Душко Дембовски, Билјана Камчева, Александра Петковска, Стефан Алексовски, Полина Тасева, Ања Јагодиќ, Петруш Петрушевски, Јане Дунимагловски и други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.