| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ден на жалост во Крива Паланка

Советот на општина Крива Паланка на вонредната седница одржана вечерва одлучи 5. април да го прогласи за ден на жалост во Крива Паланка, по повод трагичната смрт на нивната сограѓанка Фросина Ц. која загина синоќа во сообраќајна несреќа на булеварот Партизански одреди во Скопје.

pregazena

–  Во име на градоначалникот на Крива Паланка и од име на советниците на општината во знак на почит кон прерано починатата Фросина Ц. и нејзиното семејство, упатуваме сочувство, а утрешниот ден е прогласен за ден на жалост- изјави претседателот на Советот на општината, Борче Стојчевски.

На денот на жалост знамињата во општината ќе бидат истакнати на половина копје, сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината за утре се одлагаат.Угостителските објекти кои се на територијата на општина Крива Паланка ќе емитуваат сериозна музика.

Фросина Ц. била бруцош на Електро- техничкиот факултет во Скопје.

На социјалните мрежи голем број пријатели и познајници на Фросина се простуваат со неа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top