| четврток, 6 декември 2018 |

Асанж: САД потроши милијарди долари да ја „украде“ Украина од Русија

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, ги обвинил САД дека потрошиле милијарди долари за да ја оттргнат Украина од влијанието на Русија и да ја стават на своја страна.

Доколку тоа не може да се направи со членство во НАТО, тогаш треба да стане независна од влијанието на Москва,да се намали рускиот воено-индустриски комплекс и руските поморски бази на Крим, рекол Асанж од еквадорската амбасада во Лондон, во интервјуто за аргентински медиум.

Во интервјуто кое го пренесува Русија денес, Асанж, оценил дека Исламската држава е “резултат на авантуризмот на Западот“.

Како што додал тој, последица од сето тоа е дека Вашингтон повеќе не е “единствен играч на Блискиот исток”, бидејќи Турција, Катар и Саудиска Арабија ја зголемиле својата моќ.

Асанж навел дека меѓу документите на Викиликс има и такви кои докажуваат дека Израел на почетокот го поддржувал Хамас, за да направи раздор меѓу Палестинците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top