| четврток, 6 декември 2018 |

Средното училиште во Сарај ќе биде готово за шест месеци

saraj

Министерот за образование и наука, м-р Абдилаќим Адеми, денеска во Општина Сарај го посети објектот на новото средно училиште, кое треба да биде изградено за шест месеци.

– Денеска сме тука со градоначалниците на Град Скопје и Општина Сарај да извршиме увид во градежните работи на ново средно училиште во оваа општина. Морам да напоменам дека договорот со претходниот изведувач на градежните работи, беше раскинат поради непочитување на роковите за градба, по што Министерството за образование и наука, распиша нов јавен повик и потпиша договор за реализација на градежните работи, изјави министерот Адеми.

Инвестицијата во висина од над 32 милиони денари е обезбедена од буџетот на Министерството за образование и наука.

Новото средно училиште е со површина од 1900 м2, и во него ќе бидат сместени 12 училници, четири кабинети и други придружни простории.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top