Пејачот Ванила Ајс, кој се прослави во 90-те години на минатиот со песната „Ајс, Ајс Бејби“, постигна вонсудски договор да работи сто часа општествено полезна работа, а во замена Обвинителство ќе се откаже од обвинението против него поради грабеж.
Како што објавија американските таблоиди, 40-годишниот Ванила Ајс, чие вистинско име е Роберт ван Винкер, бил уапсен во февруари годинава поради кражбата на повеќе предмети од празни куќи во близина на неговиот дом во Палм Бич на Флорида.
– Музичарот ќе се занимава со работа за општо добро, но тој и онака го работи тоа. Случајот е затворен, изјави обвинител Брадфорд Коен по постигнувањето на договорот. Ванила Ајс од своја страна изјави дека „немал лоши намери“ и оти се било „недоразбирање“.
Поранешниот рапер, а сега ѕвезда на телевизиско реалити шоу, ја реконструира својата куќа во Палм Бич за потребите на емисијата „The Vanilla Ice Crew“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.