| четврток, 6 декември 2018 |

Фатена сопругата на Акис Цохаѕопулос по бегството од затворска болница

_82079588_82079587Грчката полиција денеска ја уапси сопругата на поранешниот грчки министер за одбрана Акис Цохаѕопулос, Вики Стамати, која побегна од затворската психијатрска клиника во Атина, каде ја издржуваше казната затвор од 12 години на која беше осудена поради перење пари. Како што објавија грчките медиуми, Стамати била пронајдена како седи на клупа пред една црква во близина на психијатриската боилница од која побегна преку скршен прозорец на нејзината соба.

Стамати беше префрлена во болницата од затворската ќелија, откако била подложена на хирушка интервенција, по што имала сериозни проблеми со здравјето. Прво преживеала нервен слом, а подоцна се обидела и да изврши самоубиство, па од затвор била префрлена во психијатриска клиника.

VICKY-820x418Пет пати досега, Стамати има поднесено барање да биде пуштена од затвор, поради нејзиното нарушено здравје, но сите жалби биле одбиени од судот.

Сопругот, Акис Цохаѕопулос во 2013 година беше осуден на 20 години затвор за земење поткуп во износ од 54 милиони евра при склучувањети зделки за Министерството за одбрана. Неговиот случај и судењето на неговаа сопруга во Грција и во европската јавност беа означени како најголемиот корупциски скандал во земјата досега.

tsoxatzopoulos-stamati-athensbarsТој беше министер за одбрана од 1996 до 2001 година и во тој период земал мито при набавката на еден руски ракетен систем и купувањето на германски подморници. Вака земените пари биле префрлани на сметки во оф-шор банки низ светот.

Акис Цохаѕопулос беше минисер и мошне влијателен функционер на тогаш силната грчка партија ПАСОК

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top