Во Македонија утре се очекува стабилно, суво и потопло време. В недела и в понеделник – под влијание на влажен бран од Медитеранот – ќе преовладува облачно време со повремени врнежи, на планините снег, а на некои повисоки места дожд и снег, соопшти УХМР.
Особено обилни врнежи се очекуваат во западните и во јужните делови од земјата каде што на повеќе места ќе наврнат 30 л/м2.
Врнежите ќе продолжат и в понеделник.
Од втората половина на наредната недела се очекува стабилизирање и затоплување на времето.
Според агрометеоролозите, временските услови и во наредниот период не нудат ништо позитивно за земјоделското производство. Вегетацијата доцни, развојот на пчелните семејства е забавен, а пролетната сеидба сè уште не е почната на сите места. Роковите течат, но со мали шанси да се преземат соодветни мерки за реализирање на сеидбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.