| четврток, 6 декември 2018 |

Потврдени три нови случаи на туларемија во Скопје

Во текот на вчерашниот ден со лабораториски наод во Институтот за јавно здравје се потврдени три нови случаи на лица заболени од туларемија, информираа од Министерството за здравство.

– Лицата се во добра општа состојба и по извршените амбулантски прегледи се пуштени на домашно лекување. Кај трите лица е утврдено дека инфекцијата настанала пред неколку недели – информираат оттаму.

Трите лица се од подрачјето на Скопје, од кои едно од општина Чаир, а две лица од општина Арачиново, и имаат од 19 до 37 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top