| четврток, 6 декември 2018 |

Спасен бродоломец по два месеца на отворено море

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Спасен е американски морнар што поминал два месеца на отворено море, каде што консумирал само сурова риба и дождовница, пишува „Би-Би-Си“.

Луис Џордан (37) го пронашол германски танкер на оддалеченост од околу 320 километри од источната американска сојузна држава Северна Каролина. Неговиот брод се превртел, а Јордан седел на коритото, од каде што е спасен.

Џордан последен пат е виден на 23 јануари, кога тргнал на риболов од Конвеј во Јужна Каролина. Засега не се официјално познати причините зошто се превртел бродот. Според американските медиуми, бродот на Џордан се превртел откако се преполовил еден од јарболите.

Семејството на Џордан го пријави неговото исчезнување.

– Мислевме дека те загубивме – изјави таткото на Xордан по неговото спасување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top