Шпанските медиуми утринава пренесуваат дека Реал Мадрид веќе подготвил план како да го доведе во своите редови репрезентативниот голман Давид де Хеа.
Кралевите не се откажуваат од целта да го ангажираат еден од најталентираните голмани во светот, и за таа цел во текот на летниот преоден рок ќе стапат во контакт со управата на „црвените ѓаволи“ за да добијат разумна цена за трансферот на Де Хеа на „Сантијаго Бернабеу“.
Иднината на шпанскиот фудбал како што се наведува во шпанскиот дневен весник „АС“ доколку не успее да премине во Реал Мадрид ова лето, претседателот Флорентино Перез има план Б. Тој се состои во тоа што со сите сили Де Хеа ќе биде убедуван да не го продолжи договорот со Јунајтед како би можел на крајот на следната сезона да дојде без отштета.
Договорот на шпанскиот голман со Манчестер јунајтед истекува во 2016 година.
Доколку Реал Мадрид се договори со Де Хеа за трансфер во 2016 година, како преодно решение се спомнува вториот голман на Челси Петр Чех, кој треба да послужи како преодно решение по заминувањето на иконата Икер Касилјас, кој по крајот на оваа сезона е сѐ поизвесно.
„АС“, исто така, тврди дека кралевите, сепак, ќе почекаат со решението за прв голман бидејќи сакаат да го слушнат одговорот на Касилјас за неговата иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)