| четврток, 6 декември 2018 |

Двојна загуба, Мајами поразен од Кливленд и остана без Вејд за плејофот

Двојна загуба претрпи поранешниот НБА-шампион Мајами хит во дуелот со Кливленд кавалирс. Поразот од 88-114 е катастрофален, со огромни 26 поени разлика, а уште полошо е што Хит го загубија Двејн Вејд, чијшто настап во плејофот е неизвесен. Вејд се повреди во втората четвртина и не се врати во игтра до крајот на мечот. Без него Мајами беше лесен плен за Кавалирс, екипа која до нова победа ја предводеа Леброн Џејмс и Кајри Ирвинг со по 23 поени.

Уште еден олстар-играч блескаше ноќеска. Стефон Кари, пак, беше лидер на Голден стејт вориорс во нов триумф, 11. по ред. Во трилер завршница воините од Сан Франциско го победија Феникс со 107-106, а Кари беше најефикасен со 28 поени. Во уште една пресметка на екипи од Западната конференција, Хјустон го победи Далас со 108-101. Џејмс Харден го преполови својот ефект од претходниот меч кога даде 51 поен, но повторно беше движечката сила на ракетите и со 24 поени беше најефикасен на дуелот. Кај Далас ветеранот Дирк Новицки уфрли 21 поен.

Vejd-640x370

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top