| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Заев повика на фер и демократски избори

zoran-zaev-3-

Слободни и ненасилни избори се насушна потреба на Република Македонија, без разлика кој ќе биде резултатот. Првиот приоритет мора да биде за сите нас тој, а вториот приоритет за политичарите треба да биде кој ќе победи.
Ова е пораката на актуелниот градоначалник на Струмица и кандидат од СДСМ за трет мандат, Зоран Заев, која ја упати од денешната трибина на невладината „Цивил“.
– Морам да упатам силна и недвосмислена порака до сите учесници, вклучувајќи ме и мене како кандидат на овие избори. Нашиот народ е скромен и кроток и после 21 година демократија е демократски образован народ, затоа да му оставиме можност уставното право целосно да го испочитува, да гласа онака како што мисли дека за него е најдобро. Прва и примарна цел на сите да ни биде фер, слободни и ненасилни избори, после тоа кој ќе победи, нека му е со среќа. Се надевам како и досега Струмица ќе остане одличен пример во Македонија за фер, слободни и ненасилни избори -рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top